Земјотрес ја погоди околината на Неапол

Од:

Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегранските полиња, во близина на Неапол, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3.35 часот и бил почувствуван во некои делови на Неапол и околните села, пренесува АНСА.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри.

Засега нема информации за материјална штета или жртви.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски