Земјите на В4 ги отфрлија задолжителните квоти за распоредување на бегалци

Од:

Министрите за внатрешни работи на земјите на Вишеградската група (В4) денеска во Прага со заеднички Меморандум ги отфрлија задолжителните квоти за прераспределување на бегалци во земјите на ЕУ, јави дописникот на МИА.

Во борбата против нелегалната миграција, според Чешка, Словачка, Полска и Унгарија приоритет е исполнувањето на обврската да започне на функцијата на прифатните центри за бегалци т.н ,,хот спотови” поставени на надворешните граници на ЕУ.

– Земјите на В4 и натаму одбиваат задолжителни квоти за релокација на бегалците, рече чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец, информирајќи дека на предлог на полскиот колега Мариуш Блашчак тоа го вметнале во денешниот Меморандум.

Хованец, додаде дека ,,четворката” е едногласна дека нелегалната миграција може да се запре само со постојана заштита на надворешните граници и затоа се потребни ,,хот спот- центрите”.

– Да се војува против нелегалната миграција без да постојат детекциски центри не е можно, оцени словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калињак.

Според него, прифатилиштата ќе ги спречат случаите кога бегалците се регистрираат на разни места под различни идентитети или пак воопшто не се регистрираат.

Земјите на В4 поддржуваат и создавање на заедничка европска гранична стража.

Унгарија на состанокот беше застапувана од амбасадорот на земјата во Чешка, Тибор Пеќо.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто