Земјите на Г-20 се согласија за реформи на СТО

Од:

Земјите-членки на Г-20 се согласија да се посветат на реформи на Светската трговска организација (СТО), изјавија неименувани европски претставници.

Претходно портпаролот на организаторот на Самитот на Г-20 изјави дека лидерите се многу блиски до договор за реформи на СТО и оти „постигнале голем напредок во трговските преговори“.

Според нив, прашањето за миграцијата и бегалците ќе биде сведено нма минимум во соопштението, што ќе биде објавено подоцна, на крајот од дводневниот Самит на Г-20, што се одржува во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.

Додека за климатските промени нема да има отстапување од претходните ставови.

Соопштението пред да биде објавено треба да биде одобрено од земјите-членки на Г-20.

Би можело да ве интересира

Г20 има нова членка

Кина е против исклучување на Русија од Г20

А1он

Русија, засега, не се повлекува од СЗО, СТО и ММФ

Ана Ололовска

Русија планира да ги напушти Светската здравствена и Светската трговска организација

ЕУ ја тужи Британија пред СТО поради зелените субвенции

Ана Ололовска

СТО го одложи министерскиот состанок поради новиот „омикрон“ сој на коронавирусот

Ана Ололовска