Земан: Знамето на ЕУ ќе се вее над Прашкиот замок

Од:

Новоизбраниот претседател на Чешка, Милош Земан кој на функцијата ќе стапи на 8 март ќе го покани претседателот на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо за заедно да го подигнат знамето на ЕУ над зградата каде што се наоѓа Претседателската резиденција, јави дописникот на МИА од Прага.

– Во секој случај, останувам на ветувањето, ја видов честитката на претседателот на ЕК, Баросо кого би сакал да го поканам во Прага, во Прашкиот замок за заедно да го кренеме знамето на ЕУ, рече Земан.

Претходно, за време на претседателската кампања тој вети дека во случај да победи ќе го направи она што неговиот претходник, се уште акуелниот претседател Вацлав Клаус го одбиваше.

Во замена за тој гест, Земан додаде дека ќе бара да се преговара за финансиска помош од ЕУ за изградба на каналот Дунав-Одра-Елба.

Според Земан, кој е поддржувач на големи финансиски инвестиции кои ги смета за стимул на економијата, поголемиот дел од водниот канал би се финансирал од ЕУ фондовите, а остатокот од домашни средства. Вацлав Клаус, кој претседателската функција ја извршуваше два мандати, уште за време на чешкото Претседателствување со ЕУ од јануари до јуни 2009 година одби да биде поставено знамето на ЕУ над седиштето на поранешните чешки кралеви и претседатели.

Би можело да ве интересира

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски