Земан: Миграцискиот бран ќе расте

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека миграцискиот бран ќе се зголемува, бидејќи очекува бегалците кои ќе стигнат во Европа да ги поканат и нивните роднини, јави дописникот на МИА од Прага.

Земан споредувајќи ја актуелната миграција со природната катастрофа цунами, рече дека таа ќе придонесе да дојде до влошување на афричките и други веќе дестабилизирани земји.

Земан изјави дека се чувствува како турист на тајландска плажа, кој сака да го слика бранот во далечината, а не е свесен дека бранот може да го повлече.

Тој повтори дека би оценил доколку Европската унија ги зајакне своите граници, но бидејќи гледа дека ЕУ не прави ништо смета дека Чешка самата треба да се грижи за нејзините граници.

Чешкиот претседател, последните месеци критички се изјаснува против бранот на бегалци и тоа особено против оние од Блискиот Исток и Африка.

Според него поголемиот дел од нив се економски мигранти и тој стравува дека т.н. Исламска држава ќе го искористи миграцискиот бран за да вметне т.н. терористички тајни ќелии.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто