Земан: Хендикепираните деца не треба да учат заедно со здравите

Од:

Комбинирањето на хендикепираните деца со здравите е катастрофа за двете групи, изјави чешкиот претседател Милош Земан при посетата на еден чешки Завод за рехабилитација.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, според Земан децата со посебни потреби подобро се чувствуваат во својата „еднаква“ заедница.

Изјавата предизвика незадоволство кај чешката јавност и кај здруженијата за заштита на децата и инвалидизираните лица.

– Тоа навистина е скандалозно, претседателот Земан со изјавите повторно го дели општеството и за сите нас тоа е враќање чекор назад, вели претседателката на Чешката советодавна јавност за инклузивно образование, Клара Лауренчикова.

Министерот за образование Марцел Хладек, повторувајќи го ставот на чешката држава, која се труди да ги вклучи децата со посебни потреби што е можно повеќе во редовното образование, изјави дека се надева оти изјавата на Земан е извадена од контекст и додаде дека веќе упатил покана за средба со претседателот на државата.

Земан деновиве беше критикуван и за неговата изјава по повод терористичкиот чин во Париз, дека доселениците, особено муслиманите, кои не сакаат да се интегрираат во државата-домаќин треба да се вратат во своите татковини.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски