Земан: Главниот непријател на цивилизацијата е тероризмот

Од:

Новиот чешки претседател Милош Земан денеска, првиот работен ден на новата функција го искористи за средба со дипломатскиот кор во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.

На официјалниот состанок, меѓу стотината странски дипломати присуствуваше и Паскал Стојчески, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Чешката Република.

Стојчески честитајќи му го изборот, на Милош Земан му упати покана за скорешна посета на нашата земја, изразувајќи надеж за понатамошно унапредување на исклучително добрите односи меѓу Чешка и Македонија.

Во своето обраќање, претседателот Земан подвлече дека за време на неговите патувања во странство ќе се обиде да ја поддржи меѓународната трговија и соработка и дека на своите патувања ќе биде придружуван од голем број чешки стопанственици.

– Мораме да ги почитуваме нашите вредности, без мешање во внатрешните работи на било која земја. Ќе се обидам да го поддржам развојот на соработката меѓу Чешка и земјите кои ги претставувате. Можам да ве уверам дека тоа ќе бидат успешни бизнисмени, а не стопанственици блиску до банкрот, подвлече Земан, кој уште пред да биде избран изјавуваше дека сака да го поддржи чешкиот извоз посебно во Кина, Русија, Индија и Бразил.

Земан оцени дека заедничка задача на меѓународната заедница е да се бори против тероризмот, додавајќи дека државите треба да взаемно да се почитуваат и да не се мешаат во внатрешните работи на другите земји.

– Едноставно тоа е тероризам кога се убиваат невини цивили, додаде Земан објаснувајќи дека е сеедно дали мотивите се верски или произлегуваат од различни политички или идеолошки причини.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски