Земан: Чешката Влада треба да поднесе оставка поради апсењето на високи функционери

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека Владата треба да си поднесе оставка поради актуелниот скандал околу најблиската соработничка на премиерот Петр Нечас, јави дописникот на МИА од Прага.

– Јас сметам дека објавените сомневања се многусериозни и по разговорите со шефот на полицијата и Јавниот обвинител заклучувам дека постојат доволно докази, индиректно одговори Земан на прашањето дали смета дека Кабинетот на Нечас треба да продолжи со работа.

Земан досега не се изјасни во врска со големиот скандал во кој Единицата за организиран криминал притвори осум високи функционери поврзани со премиерот и партијата на која тој е претседател, Чешката граѓанска демократска партија – ОДС.

И покрај тоа што е уапсена и шефицата на премиерскиот кабинет, Јана Нагиова, Нечас јасно се изјасни дека не планира да поднесе оставка и засега има поддршка и од неговата партија.

Нагиова се соочува со обвинение за злоупотреба на службената должност, кога незаконски на Службата за воено разузнавање и наредила да се следи сопругата на премиерот и за давање поткуп на тројца пратеници кои при гласање на клучни закони се откажаа од пратеничките мандати.

Во скандалот кој ја потресе чешката политичката сцена поради што опозицијата побара вонредни избори се притворени и актуелниот и поранешниот шеф на Военото разунавање, двајца вработени во Владата и тројца поранешни пратеници.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски