Земан: Чешката државна телевизија лаже

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан, кој во моментов се наоѓа на одмор во својата викендичка, ја обвини Чешката телевизија (ЧТ) дека лаже, јави дописникот на МИА од Прага.

– Чешката телевизија неодамна објави дека неколку дена не сум излегол од дома. Јас во неделата се сретнав со триесетина пријатели, а во средата со други дваесет. Може да се види дека ЧТ како секогаш лаже, изјави Земан пред група новинари кои правеа репортажа за тоа како тој се релаксира за време на одморот/

Чешката телевизија негираше дека објавила таков прилог, а навредените новинари на Твитер напишаа дека претседателот за се ја обвинува државната телевизија и не гледа разлика кога таквите вести се објавуваат на други телевизии.

Се претпоставува дека Земан мислел на прилог кој за него беше емитуван на една домашна комерцијална телевизија.

Земан долго време ја критикува државната телевизија. Тој неодамна се изјасни и за укинување на радиодифузната такса, предлагајќи луѓето таа сума да ја даваат во доброволни цели.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски