Земан: Ако Парламентот се самораспушти, вонредни избори ќе има на 25 и 26 октомври

Од:

Земан за чешкиот весник „Хало Новини“ додаде дека за најголема опасност го смета напорот на некои пратеници по изборите да биде формирана коалиција меѓу Социјалдемократите (ЧССД) и либерално-конзервативната партијата ТОП 09.

Левичарот Земан, кој беше избран на чело на државата на првите непосредни избори на почетокот на годината, постојано е критикуван дека не ги почитува уставните одредби и се обидува да ја зголеми својата надлежност.

Пред два месеци, по оставката на премиерот Петр Нечас, заради учество во корупциски скандал и незаконско прислушување на неговата најблиска соработничка и други високи функционери, Земан го именуваше својот поранешен советник Јиржи Руснок за мандатар на нова техничка Влада.

Политичката ситуација во земјата дополнително се комплицира откако привремената Влада не успеа да добие парламентарна поддршка и поднесе оставка, а партиите од десниот и левиот блок се приближија кон идејата за предвремени парламентарни избори.

Според актуелни информации, во Собранието ќе се обезбеди потребното уставно мнозинство од 120 гласа за самораспуштање на Долниот дом на Парламентот. Вонредната седница на која пратениците треба да гласаат за распуштање е закажана за денеска во 14.00 часот, но се очекува таа да биде прекината и гласањето да биде во вторник, на 20 август.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски