Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вчера разговарал со американскиот претседател Џозеф Бајден за поддршката на Вашингтон за Украина, новите американски санкции против Русија и зајакнувањето на воздушната одбрана на Украина.

Во објава на социјалните мрежи, тој му се заблагодари на Бајден за поддршката на Вашингтон во речиси тригодишната војна на Украина со Русија и за „важната улога што САД ја одиграа во обединувањето на меѓународната заедница“, објави Ројтерс.

Зеленски рече дека со Бајден разговарал и за новите американски санкции против рускиот енергетски сектор, за кој рече дека му помага на рускиот претседател Владимир Путин да ја „финансира војната“.

Би можело да ве интересира

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре и се ќе биде готово

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Русија успеа да влијае на луѓето во Белата куќа

А1он

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува