Зеленски: Русија успеа да влијае на луѓето во Белата куќа

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека верува оти Русија успеала да влијае на луѓето во Белата куќа.

„Верувам дека Русија успеа да влијае на одредени луѓе во Белата куќа преку информации“, рече Зеленски во интервју за Тајм, објавено денеска.

Според неговото мислење, Русите им сигнализирале на Американците дека Украина не сака крај на војната и дека треба да се направи нешто за да се натераат Украинците на тоа.

Зеленски, потсетува Ројтерс, претходно го обвини Трамп дека е „заробен во рускиот балон за дезинформации“, забелешка што го налути американскиот претседател и неговите сојузници.

Володимир Зеленски денеска по повод Денот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) изјави дека за време на војната специјалната служба станала еден од главните елементи на одбранбените и безбедносните сили.

„Денот на Службата за безбедност на Украина е ден на силни луѓе чии резултати се меѓу најважните за Украина. За време на војната, СБУ стана борбена разузнавачка служба, еден од главните елементи на одбранбените и безбедносните сили, која ја штити земјата од внатрешни закани и обезбедува важни резултати на фронтот и зад непријателските линии“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Зеленски: Партнерите не ја предупредија Украина за можни напади