Зеленски: Запорожје по вторпат на чекор од катастрофа

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека новото икслучување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа ја довело нуклеарната централа чекор поблиску до катастрофа со радијација.

Зеленски рече дека за тоа е одговорно новото руско гранатирање.

– Уште еднаш, по втор пат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ на радијациска катастрофа, рече тој во својата вечерна видео порака.

Според него, гранатирањето на територијата околу нуклеарната централа значи дека на Русија не ѝ е грижа што ќе каже Меѓународната агенција за атомскÐ ° енергија и оти не е загрижена што ќе одлучи меѓународната заедница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

По гранатирањето на „Запорожје“, многу региони во Украина се без струја и интернет

Захарова: Мнозинството членки на НАТО се во зоната на директен удар на нуклеарката Запорожје

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На радијацијата не и е важно кој е неутрален и може да допре до кој било во светот

МААЕ побара од Русија и Украина да ја заштитат нуклеарната централа Запорожје

Ана Ололовска

Украински Енергоатом тврди дека руска мина експлодирала во близина на нуклеарната централа Запорожжја

Катерина Ѓуровски

Русија: Украински дрон се урна во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа

Ана Ололовска