Захарова: Мнозинството членки на НАТО се во зоната на директен удар на нуклеарката Запорожје

Од:

Воената алијанса се состанува во Литванија во вторник и среда за да разговара за широк спектар на теми, вклучително и војната во Украина, поделбите околу кандидатурата за членство на земјата и зголемените резерви на муниција.

Обвинувајќи ја Украина за „систематско оштетување“ на објектот, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека „на самитот на НАТО треба да се посвети клучно внимание на ова“. „На крајот на краиштата, огромното мнозинство од членовите на алијансата ќе бидат во зоната на директно влијание“, предупреди таа на Телеграм.

И Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно дека планираат напад на електраната, која се наоѓа на територијата под руска контрола во источниот украински регион Запорожје, блиску до линијата на фронтот.

Украинскиот претседател Зеленски со денови предупредуваше за сериозна закана за централата, а неодамна изјави дека руските сили минирале покрив на неколку реактори. Меѓународната агенција за атомска енергија по првата проверка на објектот соопшти дека досега не виделе знаци на мини или експлозиви, но им треба повеќе пристап за да бидат сигурни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина