Зеленски во очај: „Има се повеќе и повеќе Руси, станува сè потешко“

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ситуацијата на фронтот е тешка и комплицирана и дека бројот на руски сили се зголемува.

„Има се повеќе и повеќе Руси, станува сè потешко. Пристигнав во Купјанск, ситуацијата беше навистина тешка. Линијата на фронтот беше многу блиску. Сепак, нашите вооружени сили го контролираат Купјанск“, изјави Зеленски за Полското радио, коментирајќи ја неодамнешната посета на Купјанск, кој е стратешка цел на руската армија.

Зеленски, исто така, призна дека руските трупи „вршат притисок“.

„Тие сигурно можат да уништат едно село, друго. Можат да влезат таму. Ќе направиме сè за да ги спасиме животите на нашите војници, бидејќи пред сè мора да имаме вооружена сила. Ова не значи дека сме подготвени да се предадеме“, рече тој.

Според него, Украина има проблеми со достапноста на одредени видови ракети, особено противвоздушни ракети, „од различни причини, вклучително и доцнења во испораката“.

Тој ги спомена проблемите во Украина со енергетските ресурси и трансферот на системи за воздушна одбрана и нагласи дека „ова не е обвинување против нашите партнери“.

На 12 септември, Зеленски го посети правецот Купјан, каде што се водат борбите, и им се заблагодари на украинските единици за резултатите на фронтот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Америка дозволи купување руска нафта

Зеленски: Трамп е во право за едно нешто – го мразам Путин!

А1он

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите

А1он

ВИДЕО: Украина развива балиситчко оружје кое тврди ќе достигне до Москва

Катерина Ѓуровски

Војната во Украина го поттикнува зголемувањето на трговијата со луѓе во Европа

Европа стана најголем увозник на оружје во светот