Зеленски: Имам многу лошо претчувство за војната во Иран

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост дека американско-израелската војна со Иран го одвлече вниманието на Вашингтон од руската агресија против неговата земја.

Во интервју за Би-Би-Си, снимено оваа недела за време на посетата на Лондон, Зеленски рече дека има „многу лошо претчувство“ за случувањата на Блискиот Исток и нивните последици за Украина, пишува Би-Би-Си.

„Имам многу лошо претчувство за влијанието на оваа војна врз ситуацијата во Украина. За жал, Америка сега е повеќе фокусирана на Блискиот Исток отколку на Украина“, рече Зеленски.

Тој го наведе одложувањето на дипломатските напори како директна последица.

„Затоа нашите дипломатски, трилатерални состаноци постојано се одложуваат. Постои само една причина: војната во Иран“, додаде тој.

Сепак, Зеленски истакна дека и покрај одложувањата на трилатералните состаноци, претставниците од Киев и Вашингтон продолжуваат да комуницираат секојдневно, како и претставниците од Вашингтон и Москва. Тој рече дека имало и предлог за средба на највисоко ниво, кој Русија го отфрлила.

„Поради оваа војна во Иран, американската страна изјави дека е подготвена да биде домаќин на двете страни во Америка. Ние го потврдивме нашето учество, но Русите се против состанокот во Соединетите Американски Држави. Затоа засега се фокусираме на тоа Америка да предложи датум и место. Украина ќе поддржи кој било датум и кое било место, но сигурно не во Русија“, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Преговори меѓу Украина, Европа, САД и Русија се можни пред Божиќ

А1он

ВИДЕО: Зеленски откри детали за нападот на Кримскиот мост

(ВИДЕО) Зеленски: Онеспособивме повеќе од 55 отсто од руските капацитети за преработка на нафта

Катерина Ѓуровски

Бајден во мемоарите: Зеленски е каприциозен и тврдоглав, не покажува благодарност!

А1он

(ВИДЕО) Зеленски се надева на договор за прекин на огнот: Европски претставници ќе учествуваат во следната рунда преговори

(ВИДЕО) Зеленски и врачи орден за придонес во културата на поранешна манекенка на „Плејбој“

А1он