Украина тврди дека има докази: Русија сè уште му помага на Иран

Од:

Украинската воена разузнавачка служба има „неоспорни докази“ дека Русија продолжува да му дава разузнавачка поддршка на Иран, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по состанокот со шефот на воената разузнавачка служба.

Зеленски тврди дека Москва ги користи своите можности за сигнално и електронско разузнавање за да му помогне на Техеран, како и податоци собрани преку соработка со партнери на Блискиот Исток.

„Русија ги користи своите можности за сигнално и електронско разузнавање, како и дел од податоците добиени преку соработка со партнери во регионот“, напиша тој на платформата X, без да даде дополнителни детали за природата на тие докази.

Овие тврдења доаѓаат во време на зголемени тензии на Блискиот Исток и сè почести обвинувања за продлабочување на соработката меѓу Москва и Техеран, особено во воениот и безбедносниот сектор.

Украина и западните земји долго време предупредуваат за размена на технологија и разузнавање меѓу двете земји.

Минатата недела, Кремљ го отфрли извештајот на „Волстрит џурнал“ дека Русија го снабдува Иран со сателитски снимки и напредна технологија за беспилотни летала, нарекувајќи ги обвинувањата „лажни вести“.

Би можело да ве интересира

Смртоносен руски напад врз родниот град на Зеленски – погоден е трговски центар, најмалку 14 мртви

А1он

Екс портпаролката на Зеленски: Украина е земја што крвари – треба да моли за мир

А1он

Зеленски подготвува голема чистка – на удар се моќни функционери

А1он

(ВИДЕО) Украина достави предлози за завршување на војната до САД, Зеленски тврди дека Русите подготвуваат мобилизација

Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“

Зеленски кај Вучиќ во Белград

Катерина Ѓуровски