Зеленски: Украина нема да одговори на провокациите во Донбас

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да одговори на провокациите во источниот регион Донбас и дека ќе се обиде да воспостави мир преку дипломатски пат.

– Не одговараме на провокации и се обидуваме да воспоставиме мир исклучиво преку дипломатија, напиша Зеленски на својот Инстаграм профил.

Зеленски отпатува во Германија за да присуствува на Безбедносна конференција во Минхен, додека неговата земја се подготвува за евентуален воен напад од Русија, која има распоредено повеќе од 100.000 војници во близина на украинските граници.

Русија ги отфрла тврдењата дека планира инвазија врз Украина.

Би можело да ве интересира

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск