Зеленски: Украина бара САД да ги земат предвид нејзините национални интереси во мировниот план

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина работи на тоа нејзините национални интереси да бидат земени предвид во планот за завршување на војната со Русија, поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Сега, практично секој час, се одржуваат состаноци, телефонски повици и работа на прашања што можат многу да променат. Резултатот мора да биде достоинствен мир“, напиша Зеленски на својот канал Телеграм, пренесува Ројтерс.

Порталот Аксиос објави дека САД спроведуваат тајни консултации со Русија за да развијат мировен договор што се состои од 28 точки поделени во четири категории: мир, гаранции за Украина врз основа на моделот на Член 5 на НАТО, безбедност во Европа и идните односи на страните со САД, и ги објави сите 28 точки од мировниот план.

Би можело да ве интересира

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Американската амбасада во Ријад ги предупреди Американците дека хотелите би можеле да бидат цел на напади

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме

Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО

Медиуми: На САД им снемуваат ракетите „Томахавк“