Зеленски со Пленковиќ за санкциите против Русија и обновувањето на Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за заострување на санкциите против Русија и стратегијата за обнова на Украина.

– Украина го зборува истиот јазик како Хрватска – јазикот на вредностите и борбата за слобода. Со премиерот Андреј Пленковиќ разговаравме за зајакнување на санкциите против Русија, соработка за враќање на нормалниот живот во ослободените области на нашата земја, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој додаде дека се осврнале и на прашањата за интеграцијата на Украина во ЕУ и заштитата на енергетската слобода на Европа.

Хрватскиот премиер денеска пристигна во Киев и освен разговор со Зеленски, тој ќе оствари средба и со украинскиот премиер Денис Шмихал и претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук.

Пленковиќ е придружуван од министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман и Звонимир Фрка-Петешиќ, шеф на кабинетот на хрватскиот премиер.

– Хрватска знае како е да се биде под воена агресија и продолжува да обезбедува политичка, дипломатска, финансиска, хуманитарна, техничка и каква било друга можна поддршка на Украина, како и помош во грижата за украинските бегалци, соопшти храватската Влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков