Зеленски: Руските услови за прекин на огнот покажуваат дека сакаат војната да продолжи

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека руските услови за прекин на огнот покажуваат дека земјата сака војната да продолжи.

Зеленски на платформата Х рече дека обидите на Русија да постави услови за 30-дневен прекин на огнот во војната во Украина само „го комплицираат и го одложуваат процесот“.

„Русија е единствената страна која сака војната да продолжи и дипломатските напори да пропаднат“, рече Зеленски по телефонскиот разговор со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, пренесе Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Кошта: ЕУ може да разговара со Русија за многу прашања

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди