Зеленски: Разговарав со Лајен за осми пакет санкции кон Русија

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен на голем број теми меѓу кои и за воведување на осми пакет санкции кон Русија.

– Разговаравме за распоредување на следната транша од макрофинансиската помош на Европската Унија што е можно поскоро. Ја нагласивме потребата да се подготви осмиот пакет санкции против Русија, вклучително и забраната за издавање визи за руските граѓани, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека се координирал со Лајен за следните чекори за „ограничување на дополнителниот профит на Русија од продажбата на нафта и гас“, како и за забрзаниот процес за приклучување на Украина во ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ