Зеленски разговарал со Остин и Блинкен за воена помош и санкции против Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал за воената и финансиска помош за Киев, како и за прашањето за заострување на санкциите против Русија.

Зеленски го соопшти ова денеска, по вчерашната посета на шефовите на Стејт департментот и Пентагон на Киев. „Посетата на делегација на високи американски претставници на Киев во овој клучен момент е многу вредна и важна за украинската држава“, напиша тој на својот канал на Телеграм.

Кабинетот на претседателот на својата веб-страница ја цитираше неговата изјава: „3,4 милијарди долари одбранбена поддршка од САД е најголемиот придонес за зајакнување на одбранбените способности на Украина“.

Зеленски и предаде на американската страна акционен план за зајакнување на санкциите против Русија, развиен од меѓународна експертска група предводена од шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Андриј Ермак и поранешниот американски амбасадор во Русија Мајкл Мекфол. Оваа група е формирана претходно на иницијатива на претседателот на Украина. Зеленски истакна дека Украина ги гледа САД како лидер меѓу идните гаранти на безбедноста на Украина, соопшти неговиот кабинет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков