Зеленски: Путин не сака крај на војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги предупреди светските лидери да не му веруваат на Путин и неговите тврдења дека сака крај на војната.

Зеленски ги даде забелешките по драматичните настани во изминатите 24 часа, кои вклучија телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во обид да започнат мировни преговори.

Зеленски денеска имаше телефонски разговор и со полскиот премиер Доналд Туск.

– Разговарав со полскиот премиер Доналд Туск. Разговаравме за условите неопходни за траен и вистински мир во Украина и се согласивме дека никакви преговори со Путин не можат да започнат без обединета позиција на Украина, Европа и САД. Го информирав премиерот за мојот разговор со претседателот Трамп и разговаравме за клучните пораки и потребата да се усогласат ставовите на сите Европејци со цел да се постигнат успешни исходи за цела Европа. Нагласив дека Украина мора да преговара од позиција на сила, со силни и сигурни безбедносни гаранции и дека членството во НАТО ќе биде најпрофитабилно за партнерите. Друга клучна гаранција е сериозната инвестиција во одбранбената индустрија на Украина. Ги предупредив и светските лидери да не веруваат во тврдењата на Путин за неговата подготвеност да стави крај на војната, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба

(ВИДЕО) Путин има порака за Европа: Оставете не да живееме мирно, инаку ќе реагираме

ВИДЕО: Путин гласаше онлајн на руските избори, снимката стана хит

Закана од клучниот човек на Путин: „Варшава може да ја снема за 2-3 дена“

Катерина Ѓуровски