Зеленски: Путин ме мрази, чувството е взаемно

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го мрази рускиот претседател Владимир Путин и тврди дека чувството е взаемно.

Зеленски ги даде коментарите кратко по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во петокот.

„Путин ме мрази“, им рече тој на новинарите во Вашингтон.

Кога еден новинар го праша Зеленски: „Дали го мразите?“, украинскиот лидер одговори дека би било „чудно“ за него да има различно мислење за оние кои „се обидуваат да ги убијат сите“.

„Имам ист став (кон) овој човек“, рече Зеленски за Путин.

Украинскиот лидер ги поддржа повиците на Трамп за итно прекинување на огнот по сегашните линии на фронтот. Зеленски одби да каже дали САД ќе испратат крстосувачки ракети Томахавк со долг дострел во Киев, но посочи дека не е постигнат напредок по ова прашање.

„Треба да работиме понапорно на ова“, рече тој.

Би можело да ве интересира

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

На Украина ѝ се потребни 115 милијарди долари за 2027 година

Трамп откри што го налутило Путин: Рускиот лидер бесен на Зеленски по нападот врз Кримскиот мост

Трамп, Путин и Си испратија заедничка порака до судот што бара апсење на рускиот претседател

Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка повеќе не е предводник на слободниот свет