Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не успеала да ја заземе украинската територија или да го промени геополитичкиот курс на земјата, нарекувајќи го тоа „победа“ за Киев.

Во интервју за американската телевизиска мрежа Фокс њуз, Зеленски рече дека Москва не успеала да ги постигне своите клучни цели од почетокот на војната.

„Русија не можеше и нема да може да нè освои. Тие не победија. А за нас, ова е победа. Ние ја браневме нашата независност и слобода. Успеавме. Тие не го променија нашиот геополитички курс“, рече Зеленски.

Според него, еден од најважните аспекти на отпорот досега е фактот дека Русија не успеала да го „замени нашето знаме со свое“, што го опиша како „многу важна работа“, нагласувајќи дека е горд на тоа.

Сепак, во истиот разговор, Зеленски ја објави и својата подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека е неопходен зголемен притисок од САД и Европа врз Москва за да се стави крај на конфликтот.

Тој рече дека Киев е подготвен за компромис и е отворен за преговори за територијалните претензии на Русија, доколку тоа би довело до прекин на борбите и воспоставување потраен мир.

Украинскиот претседател ги даде овие изјави во време кога разговорите за можностите за политичко решение на конфликтот се интензивираат на дипломатскиот фронт, додека борбените операции продолжуваат на терен. Зеленски повтори дека Украина останува посветена на зачувување на својата независност и суверенитет, нагласувајќи дека, и покрај големите предизвици, стратешката насока на земјата не се променила.

Би можело да ве интересира

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот

Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Горан Наумовски

Путин го покани Зеленски да дојде во Москва