Зеленски предлага средба меѓу него, Трамп и Путин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи трилатерална средба со шефовите на држави на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за да се унапредат мировните преговори за војната во Украина, а истовремено го повика Вашингтон да воведе нови санкции кон Москва.

Подготвени сме за форматот Трамп-Путин“, изјави украинскиот претседател на прес-конференција во вторникот, беше објавено утрово.

„Доколку на Путин му е непријатно да има билатерален состанок или ако сите сакаат трилатерална средба, немам ништо против тоа. Подготвен сум за секаков формат“, додаде Володимир Зеленски, кој се очекува во Берлин подоцна во текот на денот.

Зеленски вели дека најреални места за мировни преговори се Турција, Швајцарија и Ватикан.

Украинскиот претседател, исто така, го повика Вашингтон да воведе нови санкции против Русија, која досега ја отфрли идејата за општ и безусловен 30-дневен прекин на огнот со Украина, предложен од САД и поддржан од Киев.

„Очекуваме санкции од САД“, особено против рускиот „енергетски сектор и банкарски систем“, рече Зеленски.

Тој, исто така, истакна дека Киев сè уште не го добил од Москва „меморандумот“ што Русија го спомна минатата недела, а кој треба да ги наведе условите на Русија за постојан мировен договор по тригодишната руска инвазија на Украина.

Ќе ги прочитаме нивните предлози и секако ќе одговориме на нив“, кога ќе ги добиеме, рече Украинецот.

Руската дипломатија претходно најави дека ќе го проследи документот до Киев откако ќе заврши големата размена на затвореници минатиот викенд.

Би можело да ве интересира

Војниците го одлучуваат исходот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Украина е подготвена да го забрза пристапувањето кон ЕУ и да ги отвори сите кластери

Трамп: Иран се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје

ВИДЕО: Се урна руски бомбардер Ту-22М3 по нападот врз Украина

Израел e загрижен, Нетанјаху бара итна средба со Трамп

Трамп: Пуштете ја нафтата да тече, договорот со Иран е завршен

Горан Наумовски