Зеленски: Подготвен сум на преговори со Путин, ако не успееме се заканува нова светска војна

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека е подготвен да преговара директно со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако било каков обид за преговори не успее, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји може да доведе до трета светска војна.

„Подготвен сум да преговарам со него. Мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна. Ако има само 1% шанса да се запре оваа војна, мислам дека треба да ја искористиме оваа можност. Мораме да го направиме тоа“ – рече Зеленски во интевју за Си-ен-ен.

Секојдневно губиме луѓе, невини луѓе на теренот“, рече тој.

„Руските сили дојдоа да не истребат, да не убијат. Ние сме достоинствени, но нашето достоинство нема да ни ги спаси животите. Мислам дека треба да искористиме кој било формат, секоја шанса да имаме можност да преговараме со Путин. Но, ако тие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е Трета светска војна“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме никој да ни се заканува

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин