Зеленски побара од СБ на ОН да ја казни Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска го повика Советот за безбедност на ОН да преземе акција против Русија поради нападите врз цивилната инфраструктура, што повторно ги оставија украинските градови без струја и вода во услови на зголемен студ.
Русија ги гаѓа градовите ширум Украина со канонада од ракети, убивајќи притоа десетици лица и принудувајќи ги властите да ги затворат нуклеарните централи и да го прекинат снабдување со електрична енергија и вода на многу места.

-Само денеска, во еден ден, бевме погодени од 70 ракети. Тоа е руската формула за терор. И нашата енергетска инфраструктура, болници, училишта, транспорт, населби, сè е нивна цел, рече Зеленски во видео-обраќањето до Советот за безбедност на Обединетите нации.

Украина очекува од светот многу остра реакција за овие воздушни напади, додаде тој.

Советот за безбедност веројатно нема да преземе ништо, бидејќи Русија е негова членка со право на вето.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, се пожали дека видео обраќањето на Зеленски не е во согласност со правилата на Советот и ги отфрли „непромислените закани и ултиматуми“ од Украина и нејзините западни сојузници.

Небензија тврди дека штетата на инфраструктурата е предизвикана од украински противвоздушни ракети насочени кон руски ракети и го повика Западот да престане да го вооружува Киев со противвоздушни системи.

Киев, во текот на вчерашниот ден, беше една од главните цели на руските напади.

-Денеска имавме погодени три повеќекатници. За жал, во нападите загинаа десет лица, изјави министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.

Целиот Киевски регион, во кој живеат три милиони лица, е останат без струја и вода, изјави гувернерот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сакаме Трамп да види дека сакаме да ставиме крај на војната

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети