Зеленски: Не гледам причина зошто западните земји не би ни испорачувале тенкови

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не гледа причина зошто западните партнери не би требало да испорачуваат тенкови на Украина.

– Ќе добиеме повеќе оклопни возила, вклучително и лесни тенкови од француско производство. Ова испраќа јасен сигнал до сите наши партнери: не постои рационална причина зошто западните тенкови се уште не се испорачани на Украина, рече Зеленски синоќа, пренесува ТАСС.

По вчерашниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, Зеленски потврди дека Киев ќе добие француски лесни тенкови.

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, во меѓувреме, го прекори германскиот канцелар Олаф Шолц за неговата неподготвеност да го снабди Киев со тенкови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела