Зеленски има понуда за Путин за прекин на војната во Украина

Од:

Украинската страна им предлага на Русите прекин на огнот до состанок на шефовите на двете земји за да се разговара за прекин на војната, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на своето обраќање до медиумите.

„Русите не се подготвени за прекин на огнот. Ова ниво на делегации не може да го реши тоа, тие веруваат дека тоа е прашање за лидерите. Тие самите рекоа дека прашањето за прекин на огнот е прашање за повисоко ниво. Ние сме подготвени за состанок веднаш. Местото на состанокот треба да биде избор на Русите – Истанбул, Ватикан, Швајцарија, сите се достапни. Во понеделник или кој било друг ден“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Вториот круг преговори меѓу Русија и Украина се одржа во Истанбул во понеделник, а состанокот траеше повеќе од еден час во палатата Чираган.

По состанокот, Украина објави дека е постигнат договор за размена на сите тешко ранети и критично болни воени заробеници, како и млади војници на возраст од 18 до 25 години, по принципот „сите за сите“, и дека двете страни се согласиле да разменат тела на по 6.000 загинати војници.

Киев, исто така, предложи состанок на ниво на лидерите на двете земји до крајот на месецот.

Би можело да ве интересира

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“

Поранешен канадски премиер: Путин е интелигентен, манипулативен и навистина злобен човек

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“