Зеленски го распушти судот во Киев: „На оваа приказна дојде крајот“

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го изрази своето задоволство од распуштањето на судот во Киев и рече дека Украина може истовремено да се бори против корупцијата и руската инвазија.

„На оваа приказна дојде крајот“, рече Зеленски доцна навечер во вторникот и посочи дека го потпишал законот за распуштање на Окружниот управен суд во Киев. Станува збор за институција која украинските антикорупциски власти ја споредија со криминална организација, а САД на 9 декември му воведоа санкции на претседателот на таа институција.

„Но, разговорите за реформи продолжуваат – продолжуваат дури и во време на таква војна“, рече Зеленски во своето видео обраќање. Тој го потпиша законот истиот ден кога беше усвоен од украинскиот парламент.

Претседателот на судот Павло Вовк во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за укинување на судот е чисто политичка и донесена набрзина и дека „оние кои денеска аплаудираат наскоро ќе зажалат“.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски