Зеленски бара средба со Путин за да се стави крај на војната во Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја повтори својата понуда да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да преговара за прекин на војната во Украина.

– Украина никогаш не ја сакаше оваа војна и Русија е таа што мора да ја прекине војната што ја започна, рече Зеленски во објава на Телеграм.

Во вечерното обраќање во понеделник, Зеленски објави дека украинската делегација на состанокот со руската делегација во среда, 23 јули, ќе ја предводи поранешниот министер за одбрана на земјата, Рустем Умеров, кој сега е секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека „потребна е многу работа пред детално да се разговара за можноста за состаноци на високо ниво“, и не прецизираше датум за разговорите во Истанбул во својата изјава.

„Немаме причина да очекуваме некакви магични пробиви, тоа е тешко возможно во сегашната ситуација“, рече Песков.

Путин ги отфрли претходните понуди од Зеленски за средба лице в лице за прекин на најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Москва обвинува: Зеленски создава „пантеон“ на украински националисти и соработници

Зеленски го претстави генералот Хмара, новиот човек задолжен за одбраната на Украина

Горан Наумовски

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Драма во Варшава: Туск тврди дека Русија планирала атентат врз американски државјанин

Зеленски од Белград порача дека нема да го признае Косово, стигна одговор од Еди Рама

Зеленски: Ако Путин не сака да ја запре војната, ние ќе го сториме тоа