Зеленски: Ако Русија нападне членки на НАТО, американските деца ќе мора да се борат

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната со Русија е во нова фаза, а зимата се очекува да ги комплицира борбите по летната контраофанзива, која не ги доби посакуваните резултати. Сепак, и покрај неуспесите, тој рече дека Украина нема да се откаже.

„Имаме нова фаза од војната и тоа е факт“, рече Зеленски во интервју за Асошиетед прес во Харков, североисточна Украина. „Зимата како целина е нова фаза од војната“, додаде тој.

На прашањето дали е задоволен од резултатите на контраофанзивата, тој одговори: „Видете, не се откажуваме, јас сум задоволен. Се бориме со втората најдобра војска во светот, задоволен сум“. Потоа тој сепак додаде: „Губиме луѓе, не сум задоволен. Не го добивме целото оружје што го сакавме, не можам да бидам задоволен, но не можам премногу да се жалам“. Зеленски, исто така, рече дека стравува дека војната меѓу Израел и Хамас се заканува да го засени конфликтот во Украина бидејќи „го загрозува протокот на западна воена помош за Киев“.

Украина не го доби целото потребно оружје од сојузниците, рече тој. „Веќе можеме да ги видиме последиците од пренасочувањето на вниманието на меѓународната заедница поради трагедијата на Блискиот Исток“, рече тој. „Само слепите не го гледаат тоа“, вели тој. „Не смееме да дозволиме Западот да заборави на војната“, вели тој.

Таа промена на фокусот може да доведе до помала економска и воена помош за неговата земја, рече тој. Во обид да ги смират тие стравови, американските и европските претставници продолжија да го посетуваат Киев по нападите во Израел на 7 октомври.

Неодамнешната анкета на АП во САД покажа дека речиси половина од Американците мислат дека се троши премногу за Украина. Се поголем број републиканци не се за испраќање поголема помош и не е јасно дали и кога барањето на Белата куќа за поголема помош ќе биде одобрено од Конгресот.

На прашањето за ова, Зеленски тврди дека Американците, помагајќи и на Украина, си помагаат и самите себеси.

„Во случајот со Украина, ако отпорноста пропадне денес поради недостаток на помош и недостаток на оружје и финансиски средства, тоа ќе значи дека Русија најверојатно ќе ги нападне земјите на НАТО“, рече тој. „И тогаш децата на Америка ќе се борат“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски