Збогум Кабул: Од Авганистан до поопасен став за светот – луциден профил на најдолгата војна

Од:

Гардијан – Лондон

Во ноември 2008 година, естонскиот министер по име Хари Тиидо го однесоа на прошетка по провинцијата Хелманд. Естонците беа сместени во Навзад, кој некогаш бил град со 30 илјади жители, но сега е напуштен, „а двете страни се вровени во ровови како оние од првата светска војна и оддаленечи 300 мерти едни од други“. Откако првично му прикажале пауерпоинт презентација, Тиидо од британскуите домаќни бил запрашан дали има прашања: „Имам само едно“, рекол тој. „Што бестрага бараме ние тука?“

Министерот барем знаел за што зборува. За време на претходната авганистанска војна, Тиидо бил регрутиран во 40-та Советска армија. Советите се однесувале исто како Британците во 19-иот век, победувајќи и брзо повлекувајќи се од територијата која често ја освојувале но никогаш не ја покориле – земјата, како што вели Кристина Лемб, „на калинки и војни“. Ова беше најдолгата војна во поновата британска историја, и најдолгата во американската историја, онаква која сведочеше за стотици војници како се враќаат дома во ковчези, десетици илјади цивили се мртви, и за да се стави крај на што?

Лемб поминала 13 години надвор и во земјата која ја засакала. Дошла веднаш по 11 септември на почетокот на она што Џорџ Буш тврдеше дека ќе биде брзинска екскурзија за збришување на терористичката ќелија на Осама бин Ладен, и дополнително, отстранување на талибанците. Операцијата Истрајна слобода излезе дека не е ништо од горе спомнатото.

Ова е патување низ повеќе од една деценија пекол и јаловост, сликовито опишана, со емоции но милозливо потстрижена од полемики. Авторката многу добро познава бројни вклучени карактери. Еден од нејзините први извори бил Хамид Карзај, многу пред американците да го препознаат како човек со кого избраа да си имаат работа. Со текот на годините, Карзај стана завореник во својот утврден имот, се повеќе бесен на првичните „ослободители“ и закопан во корупција. Авторката имала големи симпатии за одредите и нивните команданти, кои биле оптеретени со невозможна мисија. Таа живописно опишува детали како одела пеш со патрола во Хелманд. Британскот командант признавајќи дека немаат преведувач, додал: „Не знаеме дали луѓето се пријатели или непријатели се додека не запукаат“.

Војната стана индустрија. Бројните слетувања и полетувања од аеродромот во Кемп Бастион, од џамбоџети до бесчовечки летала рипер, го претвори во петиот најоптоварен британски аеродром. Американците потрошија повеќе во Авганистан отколку на Маршаловиот план за повторна изградба на Европа по Втората светска војна. На господарите на војната кои уживаа во тортурата на нивните опоненти, им беа давани палати, блиндирани возила, патувања до Дубаи за шопинг и до Германија за поправка на забите. Непознат број на мешетари се расфрлаа со чекови кои тие нормално никогаш не би ги трошеле. Од многуте обвинувања за раскалашност и корупција, ова ми е најомилено: повеќе од три милиони долари се потрошени на патролни бродови кои завршија неискористени во складиште во Вирџинија. Секој од осумте бродови чинел по 375 илјади долари – што е далеку повеќе од нивната вообичаена цена од 50 илјади долари – пред да сфатат дека Авганистан не излегува на море“. Во еден случај, британците испратиле цариници во сива униформа на аеродромот во Кабул: патниците кои доаѓале и кои офкале натежнати од шопингот кој го направиле во странство, само си минувале покрај нив.

Во пост „победничкиот“ период на почетокот од веков, Кабул стана евтин град за забава за западњаците и кликите од западнизирани Авганистанци. Оние кои живееја во Кабабл уживаа во распинички социјален живот распален со нелегален алкохол, евтин хашиш и адреналин за страв. Помеѓу многуте места за забава за експатриотите беа лаунџ бар со морско зелен со хром ентериер каде се служеа коктели маргарити и врвни бифтеци, германската пивница Хоф нудеше свински кременадли и кисела зелка, а француски ресторан беше опремен со базен, а странците го викаа Латмо.

Авторката едвај го прикрива својот презир за политичкте господари дома. Од многуте апсурдни искази, но аргонацијата на лабуристичкиот секретар за одбрана Џон Рид тешко ќе се побие: „Би биле соврешно среќни ако си заминеме за три години, и без да испалиме макар еден куршум“. На секој чекор на овој пат, стратегијата се менуваше и стратегиите пропаѓаа. Првичната инвазија беше брзински успех (како што беше и Ирак). До 2003, вниманието на Џорџ Буш и Тони Блер беше фкусирана на новоизмислениот сатрап, Садам Хусеин. Авганистан остана во посадина. „Градењето на нацијата“, како што беше првично замислена, сопре. Господарите на војната и талибанците се прегрупираа. Повторуваните обиди, кои датираат од 1999 година, да се пронаде Бин Ладен, пропаднаа.

Првичната „касус бели“ (причина за војна) – искоренувањето на тероризот – никаде го немаше. По тоа следеше потребата да се уништат посевите со опиум. Тоа морфираше во цементирање на демократијата и владеењето на законот, на крајот со бескорисната и очајна аспирација да се поправи инфраструктурата и „квалитетот на животот“. Ароганцијата беше придружена со замозаблудата дека Пакистан е дел од решението, наместо проблемот, нејзините безбедносни служби, ИСИ, станаа едни од главните спонзори на ал Каеда и попречувач на обидите да се доведе ред во стабилноста на Авганистан.

Во воведот во овој многу впечатлив воен дневник, Ламб го поставува следново реторичко прашање: „Како побогу моќниот Нато, со 48 земји и сателити на небото, 140,00 војници и ракети од која секоја чини колку едно порше, не успеа да победи група од распарталени религиозни студенти предводени од едноок мула, кој неговите колеги го опишуваат како „мутав“?

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан