Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Од:

Заврши прекинот на огнот што Русија го прогласи во зоната за „специјална воена операција“ за Велигден, при што и Русија и Украина изнесоа различни тврдења за тоа дали примирјето се почитува или прекршува.

Прекинот на огнот, кој стапи на сила на 19 април во 18 часот, беше на сила за време на велигденските празници. Експлозии утринава се слушнаа во неколку украински градови, меѓу кои Николаев, Черкаси и Херсон, за време на воздушниот напад што беше прогласен ширум Украина.

Градоначалникот на Николаев, Александар Сиенкевич, преку Телеграм ги потврди експлозиите во градот, нагласувајќи дека тревогата се уште е на сила, пренесе Укринформ.

„Во Николаев се слушнаа експлозии. Тревогата продолжува“, се вели во пораката на градоначалникот.

Во 4:55 часот по локално време, украинските воздухопловни сили предупредија на закана што доаѓа од правец на Црното Море, кон областа Николаев.

Покрај во Николаив, експлозии беа забележани и во Черкаси и Херсон, додека украинските власти во тие региони апелираа до граѓаните да останат во засолништа.

Според извештаите, заканите дошле од руски дронови, кои биле активни во различни делови на Украина.

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина постојано известуваа за движење на непријателски беспилотни летала во различни региони.

Во 5 часот и 59 минути е откриена активност на дронови во близина на градот во Днепар, а во 5 часот и 37 минути е издадено предупредување и за Черкаси, каде што биле пријавени неколку дронови.

Беспилотни летала биле забележани и во Киев, Запорожје и Харков. Серијата предупредувања и напади со беспилотни летала продолжија во текот на денот, при што беспилотни летала постојано летаа над територии како што се Черниговската област, Сумиската област и Запорожје, со цели кон областа Днепропетровск, објави Укринформ.

Утринава беа пријавени напади со беспилотни летала на Киев и Харков. Според последните податоци, од почетокот на денот се регистрирани 86 судири меѓу украинските одбранбени сили и руските војници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Уништивме еден борбен руски авион Су-30 и оштетивме уште четири авиони

Горан Наумовски

Русија премести најмалку четири тешки нуклеарни бомбардери Ту-95МС поблиску до Европа

Горан Наумовски

Медиуми: Зеленски се подготвува да си замине од функцијата

Руски напад врз Запорожје, има мртви и повредени

Орбан предвиде кога ќе заврши војната во Украина

САД: Санкции за Русија доколку Москва до петок не се согласи на прекин на огнот во Украина