Големата полициска операција во бриселскиот кварт Етербек најверојатно е завршена, при што беше извршен претрес во еден магацин, јавија белгиските медиуми, додавајќи дека полициската акција била поврзана со истрагата за неодамнешните напади во Брисел.
Претрес бил извршен во зграда во која има продавница во приземјето. Станарите од станбениот комплекс беа евакуирани.
Во операцијата никој не е уапсен.
Според телевизијата РТБФ, педесетина полицајци, меѓу кои и припадници на единицата за деминирање и снајперисти биле распоредени во квартот Етербек, во централниот дистрикт на Брисел.
Квартот сега е под контрола на локалната полиција и понатаму е затворен.
Ниту Федералното обвинителство ниту федералната полиција не соопштуваат детали за операцијата.
Белгиската полиција вчера уапси шестмина осомничени за нападите на 22 март во Брисел.