Заврши периодот на жалост за поранешниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ил

Од:

Властите во Северна Кореја прогласија крај на тригодишната жалост за поранешниот лидер Ким Џонг Ил, со што е отворен патот неговиот син Ким Џонг-ун да остави „личен печат“ во управуавњето со државата.

Државната телевизија пренесе собирање на десетици илјади луѓе кои се поклонуваат пред неговата огромна статуа (22 метра) во Пјонгјанг.

Ким владееше 17 години со Северна Кореја, а почина во 2011 година по што го наследи неговиот син Ким Џонг-ун.

Планирано е синот заедно со водечките партиски и воени официјални лица да оддаде почит во текот на денот во Палатата на сонцето, мавзолеј во Пјонгјанг во кој се балсамирани телата на неговиот татко и дедо. Фамилијата Ким владее со Северна Кореја веќе 70 години.

Би можело да ве интересира

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

ВИДЕО: Северна Кореја се обиде да лансира шпионски сателит, не успеа

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета