Затворен аеродромот Источен Мидлендс по инцидент со карго авион

Од:

Аеродромот Источен Мидлендс во централна Англија е затворен за сообраќај по инцидентот при слетувањето со еден карго авион, по што пистата остана блокирана.

Инцидентот се случи рано утринава,околу 03,00 часот,по британско време,кога авионот Боинг 737-400 поради проблеми со тркалата од неговата лева страна,мораше принудно да атерира,оштетувајќи го долниот дел на авионот.

Во моментот на инцидентот,во авионот имало двајца членови на екипажот кои остана неповредени.

Претставник на карго компанијата „Ер Контрактор“ чиј авион настрада, само го потврди инцидентот и навести истрага.

Управата на аеродромот соопшти дека сите планирани летови кон и од Источен Мидлендс се суспендирани. Аеродромот ќе остане затворен се додека од пистата не се тргне оштетениот Боинг, како и додека не се утврди дали таа евентуално е оштетена при слетувањето на авионот.

Патниците кои требаше утринава и претпладнево да го користат овој аеродром,се префрлаат со автобуси во Манчестер. Преку аеродромот Источен Мидлендс ,годишно патуваат преку четири милиони патници,најмногу од централниот дел на Англија и се превезуваат над 300 илјади тони нарјарзлична стока.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он