Зариф: Пропадна обидот на САД за пиратство

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф денеска ги обвини САД за обид за пиратство во намерата да го спречат Гибралтар да го ослободи иранскиот танкер со нафта „Грејс 1“.

„САД се обидоа да го злоупотребат правниот систем за да ни украдат имот на отворено море“, напиша Зариф на својот Твитер налог, пренесен од британските медиуми.

„Овој обид за пиратство укажува на непочитување на законот од страна на администрацијата на Трамп“, истакна шефот на иранската дипломатија.

Британските власти на Гибралтар денеска одлучија да го ослободат танкерот „Грејс 1“ бидејќи добија писмени гаранции од иранската Влада дека товарот нема да го истоварат во Сирија, соопшти денеска весникот „Гибралтар хроникл“.

„Врз основа на тоа премиерот Фабијан Пикардо одлучи да ја укине наредбата за задржување и на бродот му дозволи да отплови“, соопшти весникот на Твитер, пренесен од британските медиуми.

Американското Министерство за правда претходно денеска побара натамошно задржување на иранскиот танкер, бидејќи Гибралтар се откажа од постапката против посадата на танкерот, запленет на 4 јули кај брегот на Гибралтар под сомнение дека превезува нафта за Сирија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски