Зариф: Ќе продолжиме да продаваме нафта и покрај потезите на САД

Од:

САД мораат да бидат подготвени за последиците ако се обидат да го спречат Иран да продава нафта и да го користи Ормускиот проток, предупреди денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, нудејќи му преговори на Вашингтон за размена на затвореници.

САД во понеделникот побараа од набавувачите на иранска нафта да престанат да купуваат до мај или ќе се соочат со санкции.

– Веруваме дека Иран ќе продолжи да ја продава својата нафта. Ќе продолжиме да пронаоѓаме купувачи за нафтата и натаму ќе го користиме Ормуз како безбеден транзит премин за продажба на нашата нафта, изјави Зариф во Њујорк.

Потврдувајќи го ставот на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, Зариф предупреди: „Ако САД преземат ненормални мерки, обидувајќи се да не спречат тоа да го сториме, тогаш треба да се подготват за последици”.

Цените на нафтата вчера достигнаа највисоко ниво од ноември, по објавата на Вашингтон.

Запрашан дали американската кампања на притисок врз Техеран е насочена кон провоцирање на понатамошни преговори или промена на режимот, Зариф рече: „Б тим сака најмалку промена на режим”.

Според него, „Б тимот”, е „двоецот”, кој го сочинува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон.

Зариф укажа на можноста за соработка со САД со цел да се донесе стабилност во Ирак и Авганистан, приоритет и за Техеран и за Вашингтон.

Тој, исто така, рече дека е подготвен за размена на британско-иранскиот хуманитарен работник Назанин Загари-Ретклиф, кој беше уапсен во Иран во 2016 година, за Иранка, која се наоѓа в затвор во Австралија во последните три години, а на барање на САД за екстрадиција.

Зариф изјави дека Иран пред шест месеци им порачал на САД дека е отворен за размена на затвореници, но дека сé уште не добил одговор.

-Ајде да ја направиме размената. Подготвен сум да го сторам тоа и имам овластувања да го сторам тоа, рече Зариф.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Иран го чека тајното писмо од Трамп