Започнаа преговорите помеѓу МААЕ и Иран, се очекува напредок

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија и Иран повторно денеска ќе разговараат за контроверзната нуклеарна програма на Техеран, со цел да се постигне договор кој ќе им овозможи на Агенцијата пристап до иранските воени објекти.

„Очекуваме напредок во текот на разговорите“, изјави амбасадорот на Иран, Али Асгар Солтанијех.

„Фактот дека овие разговори започнаа, значи дека ние сме подготвени да постигнеме позитивен исход, бидејќи и за двете страни подобро е да се намалат разликите“, додаде тој.

Генералниот директор на МААЕ, Јукија Амано уштe во средата соопшти дека не е оптимист за крајниот резутат од разговорите.

Шефот на инспекторите Херман Накарт беше резервиран за ова прашање.

„Ќе побараме Иранците да ни дозволат да имаме пристао до воената база Перес“, рече тој по пристигнувањето во иранското преставништво на агенцијата.

Запад и Израел го обвинуваат Иран дека тајно работи на нуклеарна бомба, додека Техеран упорно тврди дека неговата нуклеарна програма има мировен карактер.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он

Нов стратешки договор меѓу Русија и Иран, договорено е да ги „здружат силите“