Започна предвременото гласање во Германија

Од:

Речиси една четвртина од германските гласачи веќе го искористија своето гласачко право на три дена пред одржувањето на парламентарните избори во Германија в недела.

Во над 20 од големите градови во земјата гласањето преку пошта е попопуларно отколку во 2009 година, кога 21,4 отсто од избирачите ги испратиле гласачките ливчиња пред денот на изборите.

Гласовите, кои нема да стигнат до избирачките единици до 18 часот в недела, ќе се сметаат за неважечки. Федералните власти препорачуваат гласачките ливчиња да се испратат најдоцна до денеска за да се гарантира нивно навремено пристигнување.

Германија го користи гласањето по пошта како алтернатива за избегнување на долгите редови на гласачките места на денот на изборите. Во 2009 година оваа можност ја искористија 9,4 милиони гласачи.

Оваа година во Германија се регистрирани 61,8 милиони граѓани со право на глас.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад