Запленет имотот на Хосни Мубарак во Шпанија

Од:

Шпанската полиција го заплени имотот на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.

Запленетиот имот е во вредност од вкупно 28 милиони евра, од кои инвестиции од 18 милиони евра во три шпански банки, потоа два недвижни имоти во едно предградие на Мадрид и седум во Марбеља. Запленети се и пет луксузни автомобили.

Полициската акција е преземена на барање на Каиро за блокирање на имотот на 130 луѓе поврзани со Мубарак, неговото семејство и членовите на поранешната египетска Влада.

Мубарк (84) на почетокот од годината е осуден на доживотна затворска казна бидејќи не спречи убиство на 900 учесници во протестите од 2011 година, со кои беше соборен неговиот режим. Мубарак владееше со Египет три децении.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски