Запленет чамец со речиси три тони кокаин

Од:

Мексиканската морнарица запленила чамец со речиси три тони кокаин, на околу 360 километри од брегот на Пацификот, во близина на одморалиштето Акапулко.

Морнарицата соопшти дека се приведени три лица кои биле на чамецот, пренесува АП.

Во чамецот биле пронајдени 80 вреќи со 2.800 килограми кокаин. Осомничените имале два надворешни мотори и резервоар со околу 150 литри бензин.

Морнарицата пронашла и торба со 25 килограми кокаин како плови во Карипското Море недалеку од плажата во одморалиштето Акумал, во мексиканската држава Квинтана Ру.

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција заплени еден тон кокаин oд „Балкански картел“

Горан Наумовски

Во Антверпен запленети 7,7 тони кокаин

Црногорски криминалци белосветски шверцери на кокаин

Горан Наумовски

Албанец со сопругата и бандата шверцувал 585 килограми кокаин

Горан Наумовски

Познатата манекенка откри дека зависноста од дрога за малку ќе ја убиела: „Беше страшно да се погледнам во огледало…“

Предраг Петровиќ

Бразилската морнарица заплени рекордни 3,6 тони кокаин