Законски измени во ЕУ за поефикасно гонење на воените злосторства во Украина

Од:

Европската Комисија сака законски измени во агенцијата Евроџаст за да може оваа агенција да собира и споделува докази за воени злосторства, јави дописничката на МИА од Брисел.

Агенцијата Евроџаст е агенцијата на ЕУ за соработка во областа на криминална правда, но таа не располага со легална база за да прибира и споделува докази за воени злосторства, нешто што Европската Комисија смета дека треба да биде сега изменето поради војната во Украина.

Регулативата врз која почива Евроџаст не и овозможува на оваа агенција да се справува со „толку голем обем за ѕверства“, изјави попладнево портпаролот за правда во Европската Комисија, Кристијан Виганд.

-Важно е да се актуелизира законската база која ќе и даде можност на агенцијата да прибира, сочувува и споделува докази со релевантните национални и меѓународни власти, вклучително и Меѓународниот кривичен суд, објасни Виганд.

Со оглед на војната, Украина се соочува со тешкотии во безбедното сочувување на доказите за воени злосторства, а Европската Комисија смета дека е неопходно да не се изгубат овие докази за да бидат казнети виновниците и да им се помогне на разните власти во Украина и во Европа во нивните истраги за воените злосторства во ова војна.

Евроџаст веќе е инволвиран во тим на истражители и има практично искуство и познавање, но регулативата мора да биде изменета, нагласува Европската Комисија.

-Битката што ја води Украина е наша. Мораме заедно да делуваме за воените злосторници да се соочат со правдата, мораме да го зајакнеме мандатот на Евроџаст за да се осигуриме дека располага со потребните алатки за да се справи со големината на ѕверствата извршени во Украина. Европа е решена и ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да и помогнеме на Украина, се огласи еврокомесарката за транспарентност и вредност, Вера Јурова, преку писмено соопштение денеска на оваа тема.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков