Законот за абортус во Северна Ирска ги повредува човековите права

Од:

Законот за абортус во Северна Ирска ги повредува човековите права на жените, пресуди денеска Вишиот суд во Белфаст, кој расправаше по случајот што го покрена северноирската Комисија за човекови права.

Комисијата го покрена случајот пред судот, со намера да се прошири правото за абортус и да им се дозволи на жените прекин на бременоста во случаи на сериозни оштетувања кај фетусот, како и при силување и инцест.

Британскиот закон за абортус, беше видоизменет и проширен во 1967 година, но неговите одредби не се однесува и за Северна Ирска.

Оваа британска покраина, како и Република Ирска се уште имаат ригорозни и конзервативни закони за абортус.Во Ирска и покрај изменте што во меѓувреме се направени и понатаму важи правилото дека фетусот и жената имаат подеднакви права, па затоа прекин на бременост може да има само ако постои сериозна закана за животот на жената.

Според одлуката на судот во Белфаст, постојат сите услови за измени на актуелниот закон и за проширување на правото за абортус во Северна Ирска.

Со пресудата се вели дека жените кои биле изложени на сексуално насилство и во случаи кога ќе се утврди абнормален развој кај фетусот, треба да се дозволи прекинување на бременоста.
Повод за покренувањето на случајот е јавното признание на Северноирката Сара Еварт за тоа дека во 2013 година, извршила абортус во Англија, затоа што комисијата во Белфаст не и дозволила прекин на бременоста, иако било утврдено дека мозокот кај бебето во нејзината утроба не се развива нормално, со објаснување дека „нејзниниот живот не е загрозен“.

Активистите на кампањата за либерализација на абортусот во покраината и Комисијата за човекови права, одлуката на судот во Белфаст ја означија како „историска“.

Одлуката ја поздрави и хуманитарната организација Амнести Инрернешенел, но противниците на абортусот во Северна Ирска, го обвинија судот дека донел „недемократска и штетна“ пресуда.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден