Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск го предупреди унгарскиот премиер Виктор Орбан на сериозни последици доколку го блокира продолжувањето на санкциите на Европската унија кон Русија.

„Ако (Орбан) навистина ги блокира европските санкции во клучен момент за војната, ќе биде апсолутно јасно дека во оваа голема игра за безбедноста и иднината на Европа, тој игра во тимот на Путин, а не во нашиот. Со сите последици од овој факт“, напиша Туск на Твитер (X).

Орбан претходно ја поврза позицијата на Унгарија за санкциите со три услови за Украина. Тој повика на обновување на транзитот на рускиот гас, прекин на нападите врз гасоводот Турски тек и гаранции дека транзитот на нафта преку Украина нема да биде запрен.

Во вторникот, тој го критикуваше режимот на санкции кој мора да се обновува на секои шест месеци и треба да истече на 31 јануари, велејќи дека 15-те пакети санкции повеќе им штетат на европските економии.

Во декември, Орбан рече дека сака да почека до инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пред да одлучи за обновата на санкциите.

Орбан во минатото се закануваше со други мерки во врска со Украина, па се повлече. ЕУ ги продолжува разговорите за 16-тата рунда санкции, а за повеќето од овие планови е потребна поддршка од Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Медведев: Русофобичен митинг против Трамп се одржа во Лондон

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен: Европа мора итно да се вооружи, мора да се подготвиме за најлошото

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот на на историски крстопат, Европа мора да го понесе товарот, вели британскиот премиер