Заканата од терористички напад во Британија е иста како во времето на ИРА од пред 40 години

Од:

Заканата од извршување терористички напад во Британија е идентична со времето на бомбашката кампања на паравоената организација Ирска републиканска армија (ИРА) во седумдесетите години на 20 век, тврди британскиот експерт Макс Хил, кој за потребите на Владата во Лондон има направено истражување за безбедносните закани со кои се соочува земјата.

Во разговор за „Сандеј Телеграф“ тој открива дека ги испитувал и потенцијалите на британските разузнавачки агенции за лимитирање на нивото на заканати, како и сегашното антитерористички ззаконодавство.

– Милитантите на Исламска држава (ИД) планираат терористички напади во градовите на Британија, врз недолжни цивили, без разлика на религија, раса и боја на кожата, на сосеома сличен начин како што тоа пред четири децении го правеа припадниците на паравоената ИРА- рече Хил за лондонскиот весник.

Тој забележува дека двете милитантни групи настапуваат од различни позиции, но дека она што и едните и другите го прават, како и убивањето цивили, воопшто не се разликува и затоа инсистира дека сегашниот ризик од изведување терористички напад на британска почва, никако не би смеело да се игнорира.

– Ризикот сега е толку голем, како што беше и во Лондон, на неговите улици и за неговите жители, во седумдесетите години на 20 век, кога ИРА ги пресели своите бомбашки напади од Северна Ирска, врз британската територија, рече експертот Макс Хил.

Тој смета дека не треба никако да се потценува и големата бројка од околу 850 Британци кои војуваа на страната на ИД, во Сирија и во Ирак, од кои се верува дека половината се вратени во земјата.

Британскиот министер за внатрешни работи Амбер Рад изјави денеска за телевизија Ај-Ти-Ви дека одбраната на Британија е приоритетна задача на целиот безбедносен сектор. Таа ги уверува Британците дека земјата е подготвена за исполнувањето на таа работа.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он