Закана за поставена бомба во авион на берлинскиот аеродром „Тегел“

Од:

Патниците од авион на германската компанија „Луфтханза“ попладнево беа евакуирани од леталото на берлинскиот аеродром „Тегел“, поради добиена закана за поставена бомба, јави дописникот на МИА од Берлин.

Станува збор за авион од типот „Ербас А319“, кој во 16 часот требало да полета на линијата Берлин – Минхен. Но, поради дојавата за можен терористички напад, сите 128 патници биле вратени во аеродромската зграда.

– Поради безбедносни закани летот на авиокомпанијата „Луфтханза“ на линијата Берлин-Минхен мораше да биде дополнително проверен од страна на аеродромските служби, изјави портпаролот на аеродромот „Тегел“ Ларс Вагнер.

По проверката на авионот, летот е целосно откажан, но сообраќајот на другите летови на аеродромот се одвива нормално.

Пред два дена слична закана имаше и на аеродромот во Касел, каде што по дојава за поставена бомба во багажот беа евакуирани патниците на летот за Анталија.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски